top of page

Ивановски го предаде мечот од второто коло во Пардубице

Sep 25
1 min read

25.09.2026 Septemvri Petok

По победата во првото коло над Патрик Хомола, нашиот Ивановски имаше статус на фаворит во соочувањето со Клаус Пининг од Германија, меѓутоа Македонецот мораше прдевреме да го заврши овој меч.

Имено Калин по голема борба го загуби првиот сет со 7-5, додека во вториот сет водеше со 2-1 во гејмови, но поради одреден проблем одлучи да го предаде мечот и му овозможи на Германецот пласман во четвртфиналето што е навистина неверојатен развој на настаните за него затоа што во главната фаза дојде како „лаки лузер“.

Ивановски за следната недела е пријавен за настап на турнир во романскиот град Слобозиа.


 
 
 

Comments


bottom of page