top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски го мина домашниот адут за полуфинале во Котингбрун

Калин Ивановски продолжи со одличните настапи на фјучрсот во Австрија и денеска обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот со награден фонд од 15.000 долари. Македонскиот тенисер по две победи над италијански тенисери, денеска го совлада и домашниот адут, Австриецот Петер Голдштајнер и тоа со 2:0 во сетови. Ивановски минал 80 минути на теренот, првиот сет го добил со 6:4, додека во вториот дојде до посакуваната цел со 6:3 во гејмови за конечна победа и место меѓу најдобрите четири во Котингбрун. Во полуфиналето, Ивановски ќе има уште посериозен предизвик, бидејќи за противник го има Французинот Валентан Вашеро, кој е прв носител на турнирот. Вчера, нашиот претставник загуби во четвртфиналето во дубл, каде партнер му беше Чехот Адам Јурајда.


1 view

Comments


bottom of page