top of page
Search

Ивановски го има најдобриот пласман во кариерата, Ѓоковиќ повторно е број еден

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски дојде до најдобриот пласман во својата кариера на најновата листа која денеска ја објави АТП (Асоцијацијата на тениски професионалци)

Најголемата македонска тениска надеж направи скок од девет места, поточно со вкупно 64 поени сега на 534 рекет на светот. Напредок имаа и останатите Македонци со исклучок на Томислав Јотовски кој се „лизна“ дури 508 позиции и сега е 1941 на АТП ранкингот.

Кога е во прашање пак врвот таму имаме промени и број еден одново е Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ со освоениот пехар во Мелбурн додаде 2000 поени што беше доволно да напредува (4 места) и одново биде најдобар на планетава.

Во првата петка се уште Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Андреј Рубљов.


 
 

Comments


bottom of page