top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановиќ го испровоцира Обрадовиќ: Никогаш не би си дозволил такво нешто

АБА белградското дерби вчера му припадна на Партизан, а натпреварот беше одбележан и со инцидентот во кој Лесор го нападна Петрушев по завршувањето на дуелот. Сепак, тоа не била последна провокација меѓу двете страни, бидејќи ваква епизода имале и тренерот Душко Ивановиќ и Жељко Обрадовиќ. Искусните и трофејни тренери вообичаено се коректни со изјавите во однос на големото ривалство, но тренерот на Црвена Звезда вчера успеа да го испровоцира Обрадовиќ. – Без разлика што вечерва изгубивме, знаеме дека ќе ги добиеме на крајот. А, она што е најважно е дека и Партизан знае дека ќе ги победиме, – изјавил Ивановиќ. Обрадовиќ очекувано бил информиран за ваквиот став, па одговорил на својата прес-конференција. – Никогаш себеси не сум си дозволил да изјавувам нешто во името на противникот. – Имаме победа повеќе, ќе се обидеме да ја задржиме предноста, а во плејофот се е во игра. Дали јас некогаш сум зборувал што мислат другите, дали според вас тоа е нормално?, – рекол Обрадовиќ.


0 views

Comments


bottom of page