top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Иванишевиќ: Ѓоковиќ никогаш нема да биде сакан како Федерер


09.07.2021 Juli Petok

Горан Иванишевиќ како тренер на Новак Ѓоковиќ е убеден дека Србинот ќе ги надмине грен слем рекордите на Рожер Федерер и Рафаел Надал во блиска иднина, но исто така е свесен дека неговиот пулен никогаш нема да биде сакан како швајцарскиот маестро. Иако со години е светски рекет број еден, Ѓоковиќ секогаш ја има за противник публиката кога игра против Федерер, играч кој убедливо има најголема фан база во елитниот тенис на сите страни ширум светот. Иванишевиќ во минатото има зборувано за лошата слика која ја создаваат западните медиуми за актуелниот најдобар играч во светот, кој пак според него е тенискиот „Робин Худ“. – Луѓето како да сакаат да го извлечат само најлошото, ги гледаат само лошите работи. Не гледаат што Новак прави во позадина, тука пред се мислам на помошта кон другите тенисери. Тој не се плаши да каже кога работите одат лошо за други, Новак е Робин Худ во тенисот. – Луѓето никогаш нема да го сакаат како Федерер, но него не му е грижа за тоа. Мислам дека тоа дополнително го мотивира. Секако, Новак има свои навивачи, луѓе кои го сакаат, но факт е дека Федерер многу повеќе го сакаат и поддржуваат. Тоа е така бидејќи тој прв се појави на големата сцена. – Без оглед на се, мора да се почитува она што го прави Новак. Освои се, не престанува да се бори. На луѓето ќе им недостасува кога ќе си оди од тенисот. Ќе го сакаат Новак назад, но нема да го добијат, – вели Хрватот кој на денешен ден пред точно 20 години го освои историскиот трофеј на Вимблдон.


1 view

Comments


bottom of page