Ивана Пејовска дел од „Тренерската конвенција“ во организација на одбојкарската ЦЕВ во Португалија
- Aleksandar Santovski
- 2 hours ago
- 1 min read
15.06.2026 juni ponedelnmik
Младата македонска тренерка, Ивана Пејовска, која работи во Академијата на „Газели Волеј“ беше наш претставник на „Тренерската конвенција 2026“ која Европската одбојкарска конфедерација годинава ја организираше од 12 до 14 јуни во португалскиот град Вијана до Кастело.
Ова е седма „Тренерска конвенција“ во организација на ЦЕВ, како дел од проектот „Играј одбојка – расти со неа“.
Во фокусот на годинешните предавања беше креирање на позитивна, инклузивна и развојно ориентирана методологија на тренерите во тренажниот процес на децата и младите категории.
Пејовска беше во друштво на околу 60-тина тренери од цела Европа, кои учествуваа на тридневната Конвенција на која преку предавања, практични примери и размена на искуства се дискутираше за тренажниот процес во млади години, возрасно соодветна физичка подготовка како и развојот на спортистот низ креативен тренажен процес.






Comments