Ива Јанжурова добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2024 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа
25.06.2024 Juni Vtornik
Интернационалниот театарски фестивал – Актерот на Европа, кој што беше основан во 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија, оваа година ќе го има своето 22 издание, со почеток на 6 јули 2024, пред „Сарајот“ во Ресен. Фестивалот ќе започне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело – Актер на Европа.
Прво легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда е Љуба Тадиќ од Белград, а потоа се редеа Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.Оваа година наградата за животно дело Актер на Европа ја понесе познатата чешка актерка Ива Јанжурова, за која ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации.
На свеченото отворање ќе се обратат Градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва, Претседателот на жирито Гоце Ристовски, а беседата за лауреатот ќе ја произнесе Претседателот на фестивалот, Јордан Плевнеш.
На истата церемонија, признанието Клучевите на Преспа ќе ги добијат Амбасадорот Ристо Никовски, доајен на македонската дипломатија и поетот Бошко Пелистерски-Рајчовски од Македонија, кој што пред три децении во САД го основа радиото „Оро македонско“, кое се слуша по сите меридијани.
Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година ќе ја понесат грчкиот активист за човекови права Павлос Васкопулос Филипов, Јордан Ѓорчев, Претседател на Меѓународниот славјански универзитет, како и Сулејман Рушити, режисер, поранешен министер за образование и директор на Театарот во Гостивар.
Фестивалското издние оваа година ќе биде одбележено и со посебниот омаж за долгогодишниот претседател на интернационалното жири на фестивалот, легендарниот македноски актер Мето Јовановски.
Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година вреди да се истакнат претставите:
„Шекспировите сонети“ авторски проект на Биљана Ѓуровиќ (Проект на Факултетот за современи уметности од Белград), „Сите најубави нешта“ од Данкан Мекмилан, Македонија,(ОХО Продукција) во изведба на Игор Ангелов и режија на Дејан Пројковски, „Светозар Трети“ од БИХ, во изведба на Иван Перковиќ, во режија на Михаило Костадинов, како и авторскот проект „Арка“ на Ментор Зумберај од Косово.
Завршната вечер на фестивалот, 11 јули, покрај доделувањето на наградите, ќе ја одбележии претставта „Женски разговори“ во изведба на Оља Лопушански од Амстердам, Холандија.
Запрепастувачки е фактот дека овој меѓународен фестивал за кој пишувале водечките медиуми во Европа и светот, оваа година остана без никаква поддршка од Министреството за култура, кое додели средсва на голем број фантомски и аматерски проекти.
Comments