Search
Ибрахимовиќ ќе го пропушти почетокот на сезоната
Updated: Aug 11, 2021
10.08.2021 Avgust Vtornik
Златан Ибрахимовиќ остана во редовите на Милан, но и новата сезона ќе ја дочека со нерешен проблем со повреда.
Шведскиот напаѓач се уште се рехабилитира по повредата на левото колено, а италијанските медиуми велат дека Милан и Ибра се договориле да не форсираат за неговото враќање на терените.
Фокус на двете страни е Ибрахимовиќ да се врати во нападот на „росонерите“ во септември, односно по паузата за настап на репрезентациите во квалификациите за СП.
Милан ја отвора сезоната против Сампдорија, а Ибрахимовиќ нема да биде подготвен ниту за второто коло, односно дуелот со Калјари на „Сан Сиро“.
Швеѓанецот ја влече повредата од дуелот со Јувентус одигран во финишот на претходната сезона во Серија А.
Comments