Ибрахимовиќ со критики за соиграч по елиминацијата од Лигата на шампионите
Златан Ибрахимовиќ гостувал во едно популарно италијанско радио и таму зборувал за елиминацијата на Милан од Лигата на шампионите.
Шведскиот репрезентативец искритикувал еден свој соиграч, поточно Рафаел Леао, најавувајќи дека Милан жестоко ќе се бори за титулата во италијанското првенство.
– Дури и од неуспесите може да се извлече поука, ова е дополнително искуство за нас и нема да се откажеме од борбата за титулата.
– Против Ливерпул Рафаел Леао не трчаше, а јас не го пронајдов потребниот стимул за да го натерам да го прави тоа. За време на претсезоната тој правеше се сам и затоа се истакна со настапите, но во фудбалот талентот не е доволен. За постигнување успеси се потребни жртви и многу работа, – рекол Ибрахимовиќ.
– Тоа што не сум ја освоил Лигата на шампионите, нема да промени ништо во мојата кариера. Разочарани сме поради испаѓањето од ЛШ, но ќе се бориме да го освоиме првенството.
Comments