top of page

Ибрахимовиќ: Не следам што се случува во Украина

Шведска и Чешка вечерва играат полуфинален бараж за пласман на Светското првенство, а уште отсега познато е дека во финалето ги чека селекцијата на Полска која без борба за пласира во наредната фаза.

УЕФА ја исфрли Русија од баражот за мундијалот поради воената агресија на територија на Украина и Швеѓаните и Чесите знаат дека со победа ќе одат на мегдан против Роберт Левандовски и пријателите, па поради тоа што воениот конфликт се уште е доста чувствителна тема и во фудбалскиот свет, со свој став се јави и Златан Ибрахимовиќ.

Искусниот напаѓач доби повик од селекторот и ќе биде дел од тимот на Шведска, а иако досега успеаваше да избегнува прашања на политичка тема, сепак во најавата за дуелот со Чешка проговори за ситуацијата во Украина.

– Војата е тешка за сите, јас сум за мир и љубов. Ужасно е да се зборува за војна, јас мојата порака ја пренесувам преку фудбалот. Да играме и да продолжиме да шириме позитивна енергија и љубов. Трагично е ова што се случува во 2022-ра година, недоразбирањата и работите треба да се решаваат со дијалог, а не се војни. Самошто помисливме дека се решивме од пандемијата и почнавме помирно да живееме, следеше овој ужас.

– Сакам да бидам позитивен, да делам љубов и да живеам во мир, се залагам за тоа и се надевам дека брзо ќе дојде. Сепак, ќе бидам искрен, кога ќе ми се појави вест за тоа што се случува во Украина, го гасам телевизорот. Не сакам да знам многу за таа трагедија, не ги пратам медиумите. Луѓето околу мене ми пренесуваат што се случува, но не следам. Јас сум против војна и се обидувам да се фокусирам на други работи, – изјави Ибрахимовиќ.


 
 
 

Comments


bottom of page