Ибрахимовиќ за еден свој избрзан потег: Раиола и Вудворд сакаа да ме убијат
Златан Ибрахимовиќ откри многу непознати детали поврзани со неговиот приватен живот и професионална фудбалска кариера во новата автобиографска книга.
Шведскиот напаѓач се потсетил и на 2016 година, кога самоволно објавил дека ќе направи трансфер во Манчестер Јунајтед и ги налутил сите кои учествувале во преговорите.
– Напишав на Инстаграм дека мој следен клуб ќе биде Манчестер Јунајтед, затоа што бев заморен од долгите преговори.
– Такви работи не се прават ако навистина не е се завршено, па Мино (Раиола) сакаше да ме убие.
– Тоа беше моја вина, Раиола немаше ништо со тоа. Го загубив трпението и не размислував за последиците, – открива Ибрахимовиќ.
Извршниот директор на премиерлигашот, Ед Вудворд му посочил на Ибрахимовиќ дека упропастил 5 милиони фунти вложени во промотивен материјал.
Comments