top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ибра откри како го откачил Арсен: Се беше во ред со Венгер, но потоа изговори едно нешто

Златан Ибрахимовиќ го привлече вниманието како 17-годишен талент уште кога настапуваше за Малме, па пред повеќе од две децении, беше мета на големи фудбалски великани пред самиот да го избере Ајакс.

Добро позната приказна е дека Ибракадабра позираше со „9-та“ на Арсенал и требаше да се претвори во засилување на Арсенал, но на крајот таа операција пропадна и покрај тоа што Арсен Венгер во тоа време важеше за тренер кој им дава шанси на надежни и млади фудбалери.

Златан сега се отвори во интервјуто кое го одработи со Пирс Морган и детално објасни како се одвивала неговата средба со Венгер, која завршила без успех поради една фраза која ја изустил Французинот.

– Кога бев млад, имаше интерес од многу големи клубови и еден од нив беше Арсенал. Сите го знаат тоа, бев во канцеларијата на Арсен Венгер и претходно ги видов сите големи ѕвезди како Бергкамп, Анри, Љунгберг, Виеира. Си помислив дека тоа е навистина многу големо. Една недела претходно играв на плејстејшн со тие момци, а потоа бев блиску до нив.

– Не очекував Венгер да биде толку висок и кога влегов во неговата канцеларија, ме праша што сакам и што очекувам. Тој е тип на личност кој сака да ве запознае, не купува играч туку-така. Тој ми даде дрес на Арсенал со бројот 9 и ми порача „сакаме да дојдеш кај нас и да бидеш на проба две недели“. Се беше добро додека не го изговори тоа, додека не изговори проба. Јас бев никој во тој момент, тој беше Венгер, но му порачав „Јас не правам проби“. Или ме сакаш, или не правам проби. Тоа беше тоа, никогаш не го облеков дресот на Арсенал, – открива Ибра.


1 view

コメント


bottom of page