top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

И Стинг не сака да се дружи со невакцинирани

31.08.2021 Avgust Vtornik

Познатиот британски музичар Гордон Метју Томас Самнер, познат како Стинг, вели дека воопшто нема дилема околу тоа дали треба да се вакцинира. Всушност, смета дека е многу опасно да им се каже на луѓето да не им веруваат на вакцините.

„Секој има право на свое мислење, меѓутоа сметам дека е опасно да им се каже на луѓето да не им веруваат на вакцините. Од каде произлегува тоа? Не сум сигурен дека науката го поддржува тоа“, изјави Стинг за Los Angeles Times.

Тој вели дека е вакциниран и тоа без трошка сомнеж, ниту дилема.

Откако многу јавни личности од светот на светскиот шоу-бизнис се изјаснија дека се за вакцинација, како и тоа дека не сакаат да се движат меѓу луѓе кои не се вакцинирани, и Стинг го изнесе неговиот став.

„Доволно сум стар за да се сеќавам на детската парализа, односно на деца од мојата улица заболени од таа болест, а која подоцна беше истребена со вакцина, така што воопшто не сакам да имам работа со луѓе кои се сомневаат во ефикасноста на вакцината“, вели Британецот.

Додаде дека сите мора да се чувствуваме безбедно – публиката, изведувачите, луѓето кои работат во организација на концерти и слично кога ќе започне шоуто на музичарите.

„Јас сум голем поборник за вакцините“, вели 69-годишниот Стинг.


2 views

Comments


bottom of page