И роденден и меден месец во Париз: Џенифер и Бен во градот на љубовта
Џенифер Лопез и Бен Афлек се опуштаат во Париз по врзувањето на јазолот на скромна церемонија во Лас Вегас 20 години по откажувањето на нивната прва свршувачка.
Џенифер и Бен (49) го продолжија медениот месец во француската престолнина во неделата попладне кога го обележаа нејзиниот 53. роденден во еден нов ресторан.
Славниот брачен пар беше фотографиран додека излегуваат од ексклузивниот ресторан „Кристијан Диор“, каде што го прославија роденденот.
Поп-ѕвездата привлече внимание во розов миди фустан додека го напушташе ексклузивниот објект рака под рака со својот сопруг Бен, кој му остана доследен на лежерниот изглед.
На парот на медениот месец им се придружија и двете деца на Бен, Вајолет (16) и Серафина (13), како и 14-годишната Еме на Џенифер.
Младенците и нивниот престој во Париз беше главна тема на светските таблоиди изминатиов викенд. На сите фотографии двајцата изгледаат среќно и вљубено држејќи се за рака додека шетаат во градот на љубовта.
Comments