top of page
Search

И противникот крена раце по еден негов поен: Алкараз со фуриозна партија го отвори турнирот во Париз

Првиот светски рекет, Карлос Алкарез без проблеми го положи првиот испит на Ролан Гарос, тест против Флавио Коболи.

Шпанскиот тенисер славеше со 3-0 во сетови 6:0, 6:2 и 7:5 за два часа игра, односно со тоа закажа меч со Даниел Таро од Јапонија.

Самиот резултат покажува колку Алкараз беше доминантен особено во првите два сета, додека во третиот Италијанецот бодрен од публиката се бореше, закануваше, ама фаворитот го имаше последниот збор за конечна победа и пласман во второто коло.

Токму еден поен од трениот сет изнуди интересна реакција од Коболи кој едноставно не можеше да поверува што спаси противникот, поточно како го матираше.


0 views
bottom of page