И познатите личности искрено тагуваат по малата Вања – „Зошто, Боже“?
06.12.2023 Dekemvri Sreda
преземен текст и слики од https://zenskimagazin.mk/ и /ex-yu.club
Прости ни девојче, сè другото е молк
Многу познати личности од Македонија, но и од просторите на поранешна Југославија, се огласија по трагичната насилна смрт на малата Вања. Всушност, целиот Балкан низ солзи зборува за оваа многу тажна случка.
Се огласи и најпопуларната балканска пејачка Цеца Ражнатовиќ која на своето „стори“ на Инстаграм стави слика од девојчето Вања, со македонско знаме и емотикон со скинато срце. Цеца само кусо се запраша: „Зошто, Боже“?
Покрај емотивното прашање, пејачката го додаде и емотиконот кој плаче. Сосема разбирливо дека Цеца е забележително потресена и како мајка на две деца, но и како баба.
Уште една голема пејачка ѕвезда реагира емотивно. Тоа е нашата Калиопи. Пејачката воедно сподели фотографија со симболот кој ја отсликува нејзината тага, а потоа под друга фотографија напиша:
– Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни… Затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца… Прости ни девојче… Прости ни Вања.. Сочувство до семејството… Сè другото е молк…, напиша тажно, многу тажната Калиопи.
Но тука тагата по Вања не запира. На популарниот ФБ масовно се споделува фотографија на која Македонија е во црнина, со една тешка како карпа, испуштена солза. Музичарот Петар Младеновски попознат како Пеце од „Суперхикс“ во својот статус открива чија е ова толку потресна фотографија поради која нема таков кој не заплака.
-Фотографијата е на мојот сосед Ласко Ѓуровски (инаку роден во Ресен). Ќе кажев “Браво комшо“, ама не ми е до “браво” некако…. Повеќе ми е да викнам по други – “Уааа!!” Притоа Пеце ги стави и емотиконите кои незапирливо леат солзи…
Во меѓувреме српскиот рокер Бајага во знак на жалост го одложи својот скопски концерт кој требаше да оддржи оваа сабота на 9-ти декември во Скопје.
И популарната Тамара Тодевска, која и самата е мајка на две златни дечиња, сподели силно емотивен статус поврзан со смртта на Вања:
-Прости ни Вања. Патувај кон бескрајот. Ние нема никогаш да те заборавиме и нема никогаш да си простиме. Сочувство до семејството. Нека почива во мир.
Додека групата „Нокаут“ имаше свој четврти концерт по ред во Македонската филхармонија во Скопје, стаса како гром од ведро небо, трагичната вест за малата Вања.
Групата Нокаут сношти одржала концерт, кој бил нивен четврти по ред за овој месец во Македонската филхармонија.
Гостин на концертот бил Дарко Гелев-Брејк кој заедно со пејачот на оваа група, Никола Перевски-Пере ја пее песната „Во бестрага“.
И тогаш, среде концерт, „Нокаут“ дознааваат за загубата на малата Вања и на Панче од Велес која на многу свиреп начин го напушти овој свет.
Пере не можел веќе да пее од тага, а целата случка е опишана на Фејсбук профилот на Нокаут и вели вака:
-Синоќа за прв пат во кариерата, Нокаут прекина концерт. После веста за Вања и Панче, никому не му беше до песна. Само молк, тага, гнев и неверување.
Ви благодариме на сите што дојдовте вчера. Ниту еден музичар не би посакал концертот наместо со аплауз да му заврши со едноминутно молчење.
Искрено сочувство до семејствата на починатите. Сите тагуваме со нив. Нека почиваат во мир“.
Пере и другарите веднаш го прекинаа концертот. На познатиот музичар, сакан од публиката, а кој и самиот е горд татко, повеќе воопшто не му беше до песната. За првпат во кариерата. Д.М.
Познатиот пејач Владимир Блазев Панцо од групата ДНК ги исплука колегите по случката со Вања: Вие сте обични бедни безрбетници во моите очи!
Преземен текст од страницата на https://ex-yu.club
„Таткото” на Вања дефинитивно го „yби” значењето и поимот на ТАТКОВСТВО, а и останатите четворица кои и сами имаат деца!!!
Каков ли само болен ум треба да си за да го намамиш твоето најмило нешто на овоземскиот свет да дојде искрено кон тебе од чиста љубов и доверба дека си родител, а ти да го испратиш во cмрт?
Едноставно немам зборови со кој би можел да го изгнасам овој одрод на човештвото.
Не знам што заслужува овој болесник но знам дека го заслужи најлошото што на еден човечки ум ќе му текне да му го направи на овој „татко”, притоа без да одговара пред лицето на правдата, ако воопшто ја има во оваа држава!!!“.
Ова е статус на Владимир Блажев, познат како Панчо од групата ДНК, за трагедијата која се случи со 14- годишната Вања.
Во својот понов статус, Панчо ги исплука своите колеги поради оваа причина:
-Сите мои колеги, уметници, артисти и јавни личности кои си ги промовирате вашите настани на овоі ден, сте обични бедни безрбетници во моите очи.
Можете да сочекате бар 24ч да поминат, за да покажете некаква почит до фамилиите на yбиените. Нема ништо да ви смени ниту вам ниту на тие кои ве ангажирале.
Како сакате сфатете ме, и што е најбитно к y * не ми чуе!!“, напишал Владимир Блажев- Панчо.
Сашко Коцев скршен од болка по убиството на Вања – претставата ја откажа, се огласи и Панчо ДНК
Објави црна позадина и тажна порака
Целиот регион е потресен од веста дека девојчето Вања Ѓорчевска за која полицијата трагаше со денови е пронајдена мртва.
Како што информираа од МВР и обвинителството, Вања е убиена уште во понеделникот, истиот ден кога е грабната.
Покрај нејзиното пронајдено е и телото на Панче Ж. (74) од Велес чие исчезнување беше пријавено на 2 ноември. На вчерашната прес-конференција беше соопштено дека зад овие убиства стојат истите луѓе, што беше дополнителен шок за сите.
„Мило девојче... Секогаш ќе те паметиме како малата Вања. Нашата ВАња. Вања која замина од нашиот кошмарен сон, и не успеа да почувствува ниту дел од овој привид наречен живот. Македонија тагува по тебе. Спиј ми спокојно...“, напиша Игор Џамбазов.
Смртта на Вања не ја потресе само македонската јавност, туку и регионалната. Информациите за грозомороното убиство на 14 годишната тинејџерка беа главни вести во сите српски и хрватски медиуми.
Домашните и регионалните ѕвезди објавија потресни статуси кои ги посветија на Вања.
Српкиот пејач Бајга и неговата група Инструктори кои требаше да одржат концерт во Скопје, поради целата ситуација го откажаа.
„Оваа недела нека биде недела на тишина“, рече Бајага.
„Мила Вања, прости ни за нашата недоветност, прости ни за суровоста, прости ни што те пуштивме сама, прости ни што не умееме да си простиме. Ти си жртва на нашето болно општетсво. Слава ти“, напиша актерката Весна Петрушевска.
„Драга Вања те молам прости ни…. 03.12.2023 #Вања“, напиша Панчо.
„Вања мило дете почивај во мир. Нека те чуваат ангелите подалеку од овој суров, болен, тажен свет...Искрено сочувство до семејствата на Вања и на господин Панче“, напиша Викторија Лоба.
„Вања , нема зборови за утеха и што да кажеме нема да те вратиме … небото доби уште еден преубав како солза чист ангел. Ти летај над облаците, а нив Бог ќе им суди“, напиша Лила Филиповска.
Цитани и посвети за Вања имаше и од српските ѕвезди, Наташа Беквалац, Цеца, Тијана Дапчевиќ.
„Тага….немоќ….бес…прости ни Вања. Сочувство до семејството“, напиша Тијана Дапчевиќ.
„Татко да турне дете во рацете на киднапери и убијци... Ова е трагедија за сите нас, а особено за нејзиниот млад и невин живот. Почивај во мир драга Вања. Не ми се верува на ова, не сум го гледал ниту во најлошите филмови, не можам ни да замислам дека постојат такви луѓе! Кутрата, не можела да го избере својот „татко“ и поради тоа платила со глава на 14 години! Тага, тага, немоќ. Болно... Кутра нејзината душа и нејзиниот живот. Дури и да и го киднапираш детето за пари е болна мисла, но не ми се верува дека ја убиле, немам зборови за оваа трагедија. Таткото учествувал во киднапирањето на својата 14-годишна ќерка за да ја искористи за да изнуди пари од поранешната сопруга која го продала станот, киднаперите ги фатила паника кога почнала потрагата по неа и ја убиле.Така, таткото учествувал во киднапирањето и убиството на неговата ќерка“, напиша српската пејачка Рада Манојловиќ на својот профил.
преземен текст и слики од https://zenskimagazin.mk/ и /ex-yu.club
„Тага, горчина и срам бидејќи ние сме винови“ напиша тажната Калиопи по монструозното убиство
По монструозното убиство на четиринаесетгодишна Вања Горчевска се огласија бројни јавни личности, меѓу кои и големата музичка ѕвезда Калиопи.
Пејачката прво сподели фотографија со симбол кој пренесува тага, а потоа на друга фотографија напиша:
- Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни... Затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца... Прости ни девојче... Прости ни Вања.. Сочувство до семејството... Се друго е молк..., напиша тажната Калиопи.
По седумдневна потрага по убиеното девојче, Обвинителството доцна синоќа соопшти дека е пронајдено безживотното тело на девојче, како и на 74-годишниот велешанец Панчо Жежовски, чие исчезнување било пријавил и на 22 ноември. И двајцата се убиени.
Покрај Калиопи на социјалните мрежи за трагичниот настан се огласија и Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Каролина Гочева и многу други.
Исто така и познатиот Македонски композитор музичар Александар Сантовски и сопственик на Радиото Space Radio-Macedonia Skopje напиша
Твојата насмевка секогаш ќе остане во сеќавање на целата Македонска нација
ВАЊА ЃОРЧЕВСКА од Скопје
2009-2023
3 декември Недела
Тажно многу тажно,нема зборови што може да се кажат освен почивај во мир ова е загуба голема на невино
младо девојче!!
Инаку иако немаше прогласен ден на жалост,сепак радиото Space Radio-Macedonia-Skopje ја промени програмата ја приспособи пради трагичниот настан со смирена музика и без програма која што оди стандардно од понеделник до петок во овие два три дена
Comments