И Медведев под санкции поради војната во Украина, може да добие забрана за настап на Вимблдон
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
15.03.2022 Mart Vtornik
Рускиот тенисер Данил Медведев би можел да биде последниот спортист од Русија кој ќе се соочи со санкции по војната која веќе 20 дена беснее во Украина.
Медведев може да го прескокне најпрестижното тениско натпреварување, Вимблдон, поради војната помеѓу Русија и Украина.
Крис Смајт, новинар на „Тајмс“ пренесува дека рускиот тенисер ќе добие забрана за настап на третиот Грен слем турнир оваа сезона кој на програмата е закажан за крајот на јуни и почетокот на месец јули.
Министерот за спорт на Велика Британија, Најџел Хадлстоун бил во постојан контакт со организаторите на Вимблдон кои се уште не донеле конечна одлука околу статусот на Данил Медведев.
Јасно е дека од тенисерот ќе бидат побарани одредени гаранции со кои би се откажал од поддршката за Владимир Путин, а голема е веројатноста дека од него ќе биде побарано да не игра под руско знаме доколку сака да се натпреварува на неофицијалното тениско Светско првенство.
Минатата година Медведев го заврши настаот на Вимблдон во осминафиналето кога беше поразен од Хуберт Хуркач. Оваа година, Русинот стигна до финалето на Австралија Опен каде беше поразен од Рафаел Надал.

Comments