top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„И едноставно така…“ – Кери, Мирана и Шарлот заблескаа на премиерата во Њујорк

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ги отелотворија своите култни ликови од „Сексот и градот“ во сензационални тоалети на синоќешната премиерата на новото поглавје на популарната серија. Сите погледи беа вперени во трите главни протагонистки на новата сезона „И едноставно така…“ – Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) додека пристигнуваа на премиерата во Њујорк во средата. Сара (56) воодушеви во креација на Оскар дела Рента, што потсетува на Кери Бредшо, нијанса на сино-сива боја со бледорозово здолниште од тил што ѕирка одоздола. Синтија (55) на себе има смела, но сепак елегантна портокалова тоалета, а Кристин (56) зрачи со елеганција во темносин фустан. Серијата ги открива Кери, Миранда и Шарлот како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност на животот и пријателството во нивните педесетти. Пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година. Оригиналната серија, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, создаде два спиноф-филма.




3 views

Comments


bottom of page