top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„И едноставно така“ е ново поглавје на „Сексот и градот“

26.11.2021 Noemvri Petok

Новата серија „И едноставно така“, која наедно е и ново поглавје на култната серија „Сексот и градот“ на „Ејч-би-о“, ќе има премиера на 9 декември на „Ејч-би-о гоу“, кога во понудата пристигнуваат првите две епизоди. Потоа, нова епизода ќе биде достапна секој четврток, а вкупно има десет епизоди.

Од извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг, серијата „И едноставно така“ ги следи Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис), кои од возбудливото патување низ компликуваната стварност на животот и пријателите во своите триесетти години зачекоруваат во уште покомплицирана стварност на животот и пријателите во своите педесетти години.

Во серијата настапуваат и Сара Рамирез, Сарита Чодхури, Никол Али Паркер, Карен Питман, Крис Нот, Марио Кантон, Дејвид Ајгенберг, Вил Гарсон и Еван Хендлер. Извршни продуценти се Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис, Синтија Никсон, Џули Ротенберг, Елиса Зурицки, Џон Мелфи и Мајкл Патрик Кинг. Сценариото е на Мајкл Патрик Кинг, Саманта Ирби, Рашна Фрухбом, Кели Голф, Џули Ротенберг и Елиса Зурицки. Автор на HBO-серијата „Сексот и градот“ е Дарен Стар, а се базира на истоимениот роман на Кендис Бушнел.


2 views

Comments


bottom of page