И добра храна и добри филмови: Почна Food Film Festival во Загреб
24.09.2021 Septemvri Petok
Загреб е домаќин на филмско-гастрономски фестивал од 24 септември до 3 октомври, убава вест за љубителите на добра храна и филмска уметност. Омилениот фестивал на храна и филм Zagreb Food Film Festival by CocaCola се враќа во главниот град на Хрватска на самиот почеток на есента. Во текот на 10-дневниот настан, посетителите можат да уживаат во гледање филмови, улична храна со потпис на омилените локални ресторани и пикник на трева. Посетителите ќе имаат можност да се опуштат со филмови под ѕвездено небо за време на вечерните проекции, а исто така, ќе има голем избор јадење од најдобрите и најкреативни загрепски ресторани, бистроа, слаткарници и продавници за вино. Фестивалот ја менува својата стара позната адреса и добива нова локација. Имено, се чини дека по фестивалот Бургер, плоштадот „Д-р Фрањо Туџман“ станува нов градски хотспот за разни забавни настани и фестивали, и многу успешно ја презема титулата центар на градските настани.
Yorumlar