top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„И во огнот штом ќе запролети“- изложба на Перица Георгиев-Пепси во „Чифте амам“

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

„И во огнот штом ќе запролети“ е изложбата на Перица Георгиев-Пепси која на 21 декември во 20 часот ќе се отвори во „Чифте амам“.

„Со изложбата во Национална галерија, неформална камерна ретроспектива на дела од периодот на неговото делување од крајот на минатиот милениум, Перица Георгиев-Пепси нѐ воведува во егзистенцијално-духовни прашања и ги бара одговорите за смислата на животот и философијата за сопственото постоење. Притоа, евидентно е прочистувањето на визуелната палета. Тој ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи метаризница на минатото – во иднината“, истакнуваат од Национална галерија на Македонија.

Перица Георгиев-Пепси е роден во 1957 година, во Скопје. Во 1987 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1984 година сосема природни се неговите први настапи со групата „Зеро“, во која учествуваат повеќе уметници и музичари. Заедно излагаат во полето на колажот, инсталацијата, анимацијата, видеото, музичките и мултимедијални хепенинзи. Тој остави белег во македонската уметност како еден од уметниците во групата „Зеро“ која беше активна во 1980-тите и влијаеше врз генерации македонски уметници. Оваа група се појави како своевиден андерграунд одговор на тогашната уметничка сцена, воспоставена во социјалистичкиот режим на СФРЈ.


4 views

Comments


bottom of page