top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Зошто луѓето сеуште се фасцинирани од Титаник ?

Постојаната фасцинација на луѓето од бродот „Титаник“ неодамна резултира со нова трагедија во која пет лица загинаа при „катастрофалната експлозија“ на подморница на пат кон остатоците од бродот.

„Титаник“ е само еден од многуте потонати бродови што лежат во длабоките и непријателски води на Атлантскиот Океан. Турбулентниот океан предизвикал многу повеќе поморски катастрофи отколку судирот на сантата мраз при што потона „Титаник“ и доведе до смрт на 1.517 луѓе, на првото патување на бродот во 1912 година.

Сепак, „Титаник“ е бродот што постојано ги привлекува луѓето. Историската трагедија инспирира романи, филмови и просперитетна туристичка индустрија со музеи и изложби кои привлекуваат стотици илјади посетители годишно. Зошто „Титаник“ е толку фасцинантен за луѓето?

Тешката состојба на петтемина патници на подморницата несомнено беше уште попривлечна за публиката низ светот поради дестинацијата на нивното несреќно патување.

- Голем дел од магнетизмот на „Титаник“ доаѓа од дрскоста и гламурот - вели Брент Мекензи, професор на канадскиот Универзитет во Гелф и автор на „Мрачниот туризам: Дали медиумот сè уште е порака?“

- Фактот што биле изгубени толку многу животи, дека бродот бил „непотопен“ и дека на него имало познати луѓе, се чини дека буди постојан интерес - вели Мекензи.

Туризмот поврзан со „Титаник“ е една од воспоставените индустрии во она што стана познато како „мрачен туризам“.

- Со право или не, сè повеќе туристи се привлечени од места и атракции поврзани со смрт, трагедија и страдање. Постојат неколку причини. Една од нив е зголемениот избор и можностите за посета на овие локации поради поголемите можности за патување. Влијание има и зголемениот број медиуми кои се фокусираат на мрачниот туризам - вели Мекензи.

Тој смета дека војната во Украина би можела да го обнови интересот за Чернобил или, за жал, за нови места на смрт и трагедија.


2 views

Comments


bottom of page