top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура и туризам од Бисера Костадиновска Стојчевска

24.06.2024 Juni Ponedelnik

Денеска, во десет часот, во  просториите на Министерството за култура и туризам,   беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, помеѓу досегашниот министер Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков.

Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура и туризам.

Министерот Љутков истакна дека доаѓа време  на промени, а пред сите чинители од областа на културата и туризмот, претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува  врвен приоритет на новата влада.


0 views

Comments


bottom of page