top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Злато за Норвешка во штафетата 4×7,5 километри

Норвешка го освои златниот медал во бијатлонската штафета 4×7,5 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Норвежаните ја искористија шансата што им ја даде Едуард Латипов од Русија, кој на последното појавување на стрелиштето промаши петпати и и ја испушти предноста од 54 секунди. Златниот медал на Норвешка ѝ го донесоа браќата Бо, Терјеи и Јоханес Тигнес, Струла Холм и Вертле Шостад Кристијансен. Норвешка е водечка нација на ЗОИ со 24 медали, 11 од нов се златни. Лошиот настап на Латипов, покрај Норвешка, го искористи и Франција. Штафетата во состав Фабијан Клод, Емилијан Жаклен, Симон Детјо и Квентан Фијон Мае го освои сребрениот медал. Русите на крајот дојдоа до бронзата, без златото останаа поради ужасниот настап на Латипов во последните 3,5 километри. Покрај Латипов, во штафетата трчаа Саид Каримула Халили, Александар Логинов и Максим Цветков.


2 views

Comentarios


bottom of page