top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Злато за Наковска-Бикова, со резултат блиску до светскиот рекорд

05.07.2024 Juli Petok

СТРЕЛАШТВО – ГРАНПРИ-ТУРНИР ВО НОВИ САД

Македонската параолимпијка, стрелачката Оливера Наковска-Бикова, постигна огромен успех, освојувајќи го златниот медал на гранпри-турнирот во Нови Сад (Србија), на кој беа пријавени 128 стрелци од 30 држави. Наковска-Бикова беше најпрецизна во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри за жени. Ова, секако, може само да радува пред почетокот на годинашниве Параолимписки игри (ПОИ) во Париз (28 август – 8 септември).– Оливера Наковска-Бикова со одличен настап и висок резултат го освои првото место во конкуренција на повеќе натпреварувачки, кои, исто така, ќе учествуваат на Параолимписките игри во Париз годинава. Во основниот дел Оливера погоди одлични 575 круга, односно пет круга помалку од светскиот рекорд, а потоа умешно стрелаше и во финалето за на крајот се закити со златен медал, пред Ајсегул Пехливанлар од Турција и Ајбаниз Бабајева од Азербејџан. Македонскиот репрезентативец Александар Јовановски настапи во истата дисциплина, категорија мажи, и со резултат од 538 круга го освои 17-то место – вели тренерот и селектор на македонската параолимписка репрезентација во стрелаштво, Бранимир Јовановски, кој на ПОИ во Барселона во 1992 година освои златен медал.На годинашните ПОИ во главниот град на Франција, со остварена олимписка норма шести пат во низа ќе настапи Наковска-Бикова, која на ПОИ во Лондон во 2012 година освои злато во дисциплината пукање со воздушен пиштол од 10 метри. Таа на сите ПОИ на кои учествувала, почнувајќи од 2004 година, била финалистка. Г.И.

 

2 views

Commentaires


bottom of page