Search
Злато за Македонецот Магомедгаџи Нуров
Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров го освои првото место на силниот меѓународен турнир „Али-Алиев“, кој се одржа во Касписјк, Дагестан (Русија). Нуров, кој настапи во категоријата до 97 кг, до златото стигна забележувајќи пет победи. Во финалната борба, Нуров убедливо со 6-1 го совлада рускиот претставник Гаџимагомед Тажудинов, победникот на Хасајуртовскиот турнир, каде што во последните секунди го совлада европскиот и светски првак, Балтукаев од Чеченија (Русија).
Нуров е носител на бронзен медал од Светското првенство (СП) во 2019 година, во Нур Сулатан (Казахстан), а настапи и на последните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио. Г.И.
Comments