Search
Златни медали за Ел Бакали и Кипјегон на Светското првенство во Будимпешта
- Aleksandar Santovski
- Aug 23, 2023
- 1 min read
Мароканскиот атлетичар Суфиан Ел Бакали го освои златниот медал во дисциплината 3000 метри стипл на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија.
Ел Бакали до златото стигна со време од 8:03.53 минути, сребрениот медал го освои Етиопјанецот Ламеха Гирма (8:05.44), а бронза има Абрахам Кибивот од Кенија (8:11.98).
Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон се закити со златниот медал во дисциплината 1.500 метри со време од 3:54.87 минути.
Ова е трето злато по ред за Кипјегон на светските првенства.
Етиопјанката Дири Велтеји заврши како второпласирана (3:55.69), а Холанѓанката Сифан Хасан на третата позиција (3:56.00).

Comments