top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Златна бубамара на популарноста“ 27. пат: „Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши“


- 24 јануари, 2024

Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Со мотото „Кој чека, ќе дочека“ омилената манифестација ќе направи сè што ветила во рамките на својот 27. мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот.

Билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба од 12 часот преку сервисите на https://www.karti.com.mk/. mk и https://mktickets.mk/ или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Во време кога нема никаков ред – редно е да имаме ред и седиште на 27. „Златна бубамара на популарноста“. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење обрасци и потписи.

Од организацијата на „Златната бубамара“ најавуваат незаборавен спектакл од 3 часа. Да се чекираме на бубамарскиот лет број 27.



10 views

Comments


bottom of page