top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Златен покер на Јоханес Тингнес Бо во Пекинг


Норвешкиот ас Јоханес Тингнес Бо (28) освои уште еден златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Бо претпладнево триумфира во биатлонската трка на 15 километри масовен старт. Бо е еден од хероите на 24. ЗОИ. Тој досега во Пекинг освои четири златни медали. Временските услови во кои се одржа трката беа далеку од идеални, студеното време и силниот ветер им направија многу проблеми на биатлонците. Бо најдобро се снајде и покрај тоа што четирипати промаши на стрелиштето (дополнителни 600 метри трчање), тој беше недопирилив за конкурентите. Во целта влезе со резултат 38:14.4 минути. Колку добро трчаше Бо покажува и разликата од 40 секунди помеѓу него и освојувачот на сребрениот медал, Швеѓанецот Мартин Пансилуоми, кој на стрелиштето промаши двапати. Бронзата ја освои сонародникот на Бо, 29-годишниот Ветле Сјаштанд Кристијансен. Кристијансен го освои вториот медал во Пекинг, беше член на златата норвешка штафета. Инаку, Кристијансен го спречи Кентан Фијон-Мае да го освои шестиот медал на ЗОИ во Пекинг.


1 view

Comments


bottom of page