top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Златен лав за филмот „L’Evenement“, најдобра актерка Пенелопе Круз

Филмот „L’Evenement“ (Happening) на француската режисерка Одри Диван ја освои највисоката филмска награда Златен лав на 78. Филмски фестивал во Венеција. “L’événement“ е француски филм по сценарио на Диван и Марсија Романо, базиран на истоимениот роман од Ени Ерна од 2000 година. Во oваа драма која се занимава со прашањето за илегални абортуси во 1960 –тите, граат Анамарија Вартоломеи и Лујна Бајрами.

Младата надежна студентка Ана, забременува со што се загрозени нејзините можности да ги заврши студиите. Како што се приближуваат нејзините последни испити, нејзиниот општествен живот започнува да згаснува, а Ана смета дека нејзиниот стомак расте со алармантна брзина, принудувајќи ја да се соочи со срамот и болката од абортусот, дури и ако мора да ризикува затвор за да го стори тоа…

Пенелопе Круз, пак, беше прогласена за најдобра актерка на Фестивалот, за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар.

Големата награда на жирито му припадна на италијанскиот режисер Паоло Сорентино за филмот „Божја рака“, филм, лично остварување кое зборува за загубата на неговите родители кога бил тинејџер.

Сребрениот лав, наградата за најдобар режисер, според одлуката на меѓународното жири со кое претседаваше јужнокорејскиот уметник Бонг Џун Хо, ја освои новозеландската режисерка Џејн Кампион за филмот „Моќта на кучето“. Најдобар актер според одлуката на жирито е Џон Аркила за улогата во филипинскиот филм „На работа: недостасува 8“.


4 views

Comments


bottom of page