Зиркзе ја продолжи мизеријата на Србија, Германија не успеа да и се реваншира на Грција (Видео)
05.10.2026 oktomvri Ponedelnik
Србија бележи навистина лоши резултати веќе подолго време и во овој момент изгледа како репрезентација која не припаѓа во А сегментот во Лигата на нации, нешто за што говори и четвртиот пораз на четвртиот меч во овој циклус.
Избраниците на Велјко Пауновиќ по трет пат во десетина дена загубија со идентични 2:1, а оваа вечер по вторпат тоа им се случи во дуел со Холандија.
Србија прими по два гола на сите четири натпревари кои ги одигра од стартот на новата сезона во Лигата на нации, па со исклучок на мечот со Германија кој го загуби со 2:0, на останатите претрпе минимален пораз со еден даден гол.
Вечерва одново беше блиску до бод и се чинеше дека голот на Цветковиќ може да биде доволен за реми (претходно резултатот го отвори Копмајнерс), но други идеи имаа Холанѓаните кои иако не брилјираа во вториот дел, успеаја да одиграат една добра акција која се покажа како клучна за победа.
Добрата комбинација заврши со асистенција на Рејндерс до Зиркзе, а напаѓачот ја имаше најлесната задача во светот и погоди за 2:1.
На вториот натпревар од оваа група, Германија беше подобра од Грција во Солун, но сепак не успеа да се реваншира за поразот на домашен терен и средбата заврши со најнепопуларни 0:0.
По четири одиграни кола, Холандија и Грција имаат по осум бода, Германија има пет, а Србија ниту еден.







Comments