Зидан потврди: Мбапе отпадна од комбинација за дербито на „Сан Сиро“
11.11.2026 Noemvri Sreda
Орелиен Чуамени вчера го напушти репрезентативниот камп и брзо беше испратен на лекарски прегледи во Мадрид, а денеска стана познато дека уште една ѕвезда на Реал Мадрид нема да игра утре против Италија на „Сан Сиро“.
Францускиот тим остана без својот капитен Килијан Мбапе, играч кој и наредните неколку дена ќе остане дел од репрезентативниот камп, но кој дефинитивно нема да истрча утре на теренот против „аѕурите“ на Манчини.
– Утре нема да биде во составот. Почувствува мала болка и нема да ризикуваме. Штета е кога губиме играчи, но тоа е дел од фудбалот. Се надевам дека не е ништо сериозно и дека ќе биде подготвен за недела, – изјави Зидан.
Поради отсуството на Мбапе, селекторот дополнително го повика 20-годишниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Сени Мајулу, кој досега тренираше со младата репрезентација до 21 година и за кого ова е прв повик во сениорскиот тим. Претходно, поради повреди на Маркус Тирам, Орелиен Чуамени и Пјер Калулу, повик доби и напаѓачот на Борнмут, Ели Жуниор Крупи.
– Ситуацијта со Мбапе не е страшна, а доказ за тоа е фактот што останува со нас. Не е среќен, сакаше да игра утре, но не смееме да ризикуваме. Сезоната е долга и ќе видиме дали ќе биде подготвен за недела, – изјави Зидан, алудирајќи на мечот со Турција на домашен терен.







Comments