top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Зидан за играчот од кој лесно се ослободи, а кој сега брилјира во Атлетико: Кај нас не покажуваше та

11.12.2020 Декември Петок

Зинедин Зидан го најави големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико кое утре се игра на „Алфредо Ди Стефано“, а покрај тоа што нагласи дека тимот на Диего Симеоне се претвори во главен фаворит за титулата во Примера со оглед на фантастичниот старт на сезоната, даде коментар и за еден фудбалер од кој тој лесно се ослободи.

Зизу минатата година процени дека Маркос Љоренте е прекуброен во неговиот ростер и младиот играч за врска направи директен трансфер во лутиот ривал Атлетико вреден околу 40 милиони евра, а со оглед на тоа што 25-годишниот фудбалер комплетно се разви и трансформираше во еден од клучните играчи на Симеоне, изјавата на Французинот привлече големо внимание.

Имено, Љоренте во Реал Мадрид имаше улога на класичен играч за врска и често беше употребуван и како дефанзивен играч во средината, нешто што комплетно се промени во Атлетико, каде Маркос сега делува крајно поофанзивно како втор напаѓач.

Чоло Симеоне процени дека Љоренте е многу подобар и попродуктивен на таа позиција, особено ако се земе во предвид неговата фасцинантна брзина. Аргентинецот дефинитивно му ја пронајде најдобрата позиција на Љоренте, а Зидан денеска призна дека не можел да насети таков развој во тој сегмент од играта.

– Не сум изненаден од Љоренте кога е во прашање неговиот потенцијал. Тој е играч од највисока класа и во Атлетико покажува аспект од играта и квалитет во нападот кој го немаше во Реал Мадрид. Сепак, ние тука знаевме дека има огромен потенцијал и мило ми е за него, нема ништо друго да додадам, – изјави Зизу.


2 views

Comments


bottom of page