Зидан доби фантастична вест пред големото дерби со Атлетико
- Aleksandar Santovski
- Mar 5, 2021
- 1 min read
05.03.2021 mart petok
Зинедин Зидан го подготвува својот тим за големото дерби против Атлетико Мадрид кое се игра задутре на „Ванда Метрополитано“, а на денешниот тренинг, доби една навистина добра и посакувана вест.
Отсуството на Карим Бензема најдобро се почувствува на натпреварот против Реал Сосиедад на кој беше евидентно дека „кралевите“ немаат доволно ресурси во нападот, па повеќе од јасно е дека францускиот напаѓач е од круцијално значење за Зизу во пресрет на она што следи.
Напаѓачот денеска го одработил тренингот без никаков проблем и ја санирал повредата на адукторот која го оддалечи од терените во изминатите две седмици, по што стана познато дека тренерот на Реал ќе добие огромен плус за натпреварот кој според многумина е последна шанса за Реал да направи огромен притисок врз лидерот Атлетико.
Бензема е убедливо најдобар стрелец во Реал со 17 погодоци и неговото отсуство не може да се надокнади во првиот тим на Зидан, кој утре ќе донесе конечна одлука за тоа дали Карим ќе биде стартер, или ќе почне од клупата.
Реал утре ќе го чека последниот тренинг пред големото неделно дерб, на кое пак сигурно нема да настапи Еден Азар кој во изминатите денови го забавил процесот на рехабилитација поради одредени болки во повредениот мускул.

Comments