Зидан го избра најнезгодниот противник во кариерата: Тој беше најтежок за дриблање
- Aleksandar Santovski
- Jun 9, 2021
- 1 min read
09.06.2021 Juni Sreda
Зинедин Зидан го одработи првото интервју откако стави крај на својата втора етапа во Реал Мадрид, но истото беше доста необично и станува збор за проект на „Orange“ во кој тој добиваше прашања од млади француски фудбалери кои во иднина сакаат да стана професионални играчи.
Во споменатото интервју, младите играчи се задржаа на прашања поврзани за играчката кариера на Зизу која беше неверојатна и незаборавна, а покрај тоа што го избра својот најубав погодок, Французинот го посочи и најтешкиот противник.
Легендарниот француски виртуоз вели дека никогаш нема да го заборави погодокот против Баер Леверкузен во големото финале во Лигата на шампионите и тој гол е на врвот на неговата листа бидејќи го постигнал со својата послаба лева нога, а говорејќи за тешките ривали кои ги имаше во кариерата, се наврати на времето кога беше дел од италијанската Серија А.
Зидан беше дел и од „Галактико“ тимот на Реал Мадрид, но вели дека против најтешкиот дефанзивец играл во Калчо лигата додека ги бранеше боите на Јувентус.
– Има многу силни фудбалери против кои имам играно, но ако треба да изберам еден, ќе кажам Паоло Малдини. Беше најтешко да се издрибла Паоло и да го минете на теренот, – вели Зидан.

Comments