top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Зендаја меѓу славните на ревијата на „Луј Витон“ во Париз

Модната недела во Париз е состанок на кој големите брендови ги претставуваат своите најнови колекции. Многу познати личности патуваат во француската метропола за да ги видат новите трендови од прва рака, а и да го покажат сопствениот стил. Ревијата на модната куќа „Луј Витон“, што се одржа во понеделникот во рамките на париската Модна недела, беше повод за многу познати лица да присуствуваат на дефилето на еден од фетиш-брендовите за црвени килими. Актерките Ана де Армас, Зендаја и Ема Стоун беа меѓу славните личности што присуствуваа на ревијата на ексклузивниот бренд. Некои од нив присуствуваа на „Витон-афтерпарти“, секако добра можност да го истакнат својот стил. Најмногу внимание привлече Зендаја, ѕвездата на „Еуфорија“, која ги воодушеви присутните на забавата по ревијата на „Витон“, кога се појави во кус топ и шарена кожена јакна.






1 view

コメント


bottom of page