top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Зендаја брилира на премиерата на новиот „Спајдермен“

Зендаја и Том Холанд секако дека го украдоа шоуто додека присуствуваа на светската премиера на „Човек-пајак: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home) во Лос Анџелес во понеделникот вечерта. Двојката на екранот и надвор од него, позираа еден покрај друг во театарот „Риџенси вилиџ“, каде заблескаа пред проекцијата на најновиот филм на „Марвел“. Ѕвездата на „Еуфорија“ покажа еден од своите најинтересни и најадекватни изгледи на црвениот тепих, кој вклучува маска за очи налик на пајак и долг фустан со веб-принт, креација на „Валентино“. Холанд, иако засенет од својата партнерка, изгледа елегантно во костум во темно чоколадна боја.



1 view

Comments


bottom of page