top of page

Зенга со последно предупредување до Италијанците: Знам какви се балканците

Валтер Зенга испиша историја во својата играчка кариера како чувар на мрежата и ќе се памети како прв голман на Интер и италијанската фудбалска репрезентација, но сега во улога на фудбалски стручњак, тој испрати последно предупредување до своите сонародници пред вечерашната бараж пресметка.

Италија и Македонија вечерва во Палермо (20:45) ќе ги одмерат силите во бараж полуфиналето за пласман на Светското првенство во Катар, но додека добар дел од фудбалската јавност во Италија е опуштена, Зенга поучен од тоа што го доживеал на Балканот, предупредува дека репрезентативците ќе мора сериозно да ги засукаат ракавите.

– Македонија има млад тим, но овој млад тим направи веќе нешто големо за нивната фудбалска историја. Кога ќе ги прочитате имињата на нивната листа и тимовите во кои играат, тогаш дефинитивно Македонија не е противник за потценување.

– Сосема спротивно, Италија ќе мора да влезе во мечот со голема страст и ентузијазам. Мора да обрнат внимание на Македонците, имаат голем квалитет, но и неверојатно заедништво.

– Ги познавам балканците од времето кога бев тренер на Црвена Звезда. Секогаш кога игравме во Европа против големи фудбалски имиња, гордоста на моите играчи доаѓаше до израз. Поради тоа, сигурен сум дека Македонија ќе даде повеќе од 100 проценти на овој натпревар. Елмас? Неиграњето на таков играч секако е добра вест за нас. Подобро е да немате таква закана, – вели Зенга во обраќањето за „Кориерер дело Спорт“.


 
 
 

Comments


bottom of page