top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„ЗЕМЈА“- изложба од Бојана Артиновска Трпческа во Прилеп

Вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Земја“ од уметницата Бојана Артиновска Трпческа.

Современите еколошки концепти кои се однесуваат на заштита и чување на природниот екосистем: зголемување на свесноста за припрадноста на човекот во природата, неговото влијание врз неа преку разните активности, реципрочниот меѓусебен однос и обидите за создавање на живот усогласен со животната средина, претставуваат движечка сила и мотивација за создавање на најновиот сликарски циклус на академската уметница Бојана Артиновска Трпческа, за кој историчарот на уметност Викторија Димеска вели дека е создаден по инспирација од древната кинеска мудрост – фенг шуи.

– Таа создава боени апстрактни пејзажи, поделени во две фази: зелена и кафена. Зелената фаза е насловена „Зародиш на бујноста“ и неа ја сочинуваат апстрактни пејзажи во кои изобилуваат тонови на зелената боја – метафора за создавањето на животот, дарежливоста и плодноста на земјата. Кафената фаза ја сочинуваат боени апстракни композиции во кои преовладува широк спектар на кафени тонови и нијанси: тргнувајќи од транспарентни окер тонови и финиширајќи со интензивни кафено-виолетови нијанси. Во оваа втора фаза кафената боја ја симболизира темнината, стабилноста и потпората . Со транспонирањето на функцијата „мајка“ врз мотивот земја и изборот на бојата како ликовен елемент, транформирајќи ја во метафора: зелена боја – плодност и изобилство, и кафена боја – темнина и потшората, уметницата Трпческа создава воодушевувачки композиции во коишто се отелотворува женскиот принцип. Дополнително, овие апстрактни пејзажи со еколошки асоцијации претставуваат и боени интервенции кои делуваат на внатрешниот амбиент во просторот – потенцира Димеска. Ка.М.


3 views

Comments


bottom of page