Здружението „Копачка“ подготвува „Соба на Димитар Узунски, за културното наследство на Пијанец“
Здружението Фолклорна група „Копачка“ село Драмче, Делчево се подготвува за одбележувањето на 7- годишнината од влегувањето на орото „Копачка“ на репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО. По тој повод како што информираше Перса Стојановска, секретар на здружението, предвидени се низа активности за одбележување на значајниот датум
-ДИМИТАР УЗУНСКИ Е ОД НАЈАМБИЦИОЗНИТЕ УЧИТЕЛИ И ВЉУБЕНИЦИ ВО ПИЈАНЕЧКИОТ ФОЛКЛОР КОЈ ПРЕРАСНА ВО РЕАЛИЗИРАН НАРОДЕН УМЕТНИК. ТОКМУ ЗАТОА ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ЗНАЧАЈНИОТ ДАТУМ Е ВО ЗНАКОТ НА ПРОЕКТОТ „СОБА НА ДИМИТАР УЗУНСКИ, ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ПИЈАНЕЦ“. СЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТ СУБВЕНЦИОНИРАН ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА, ПОДДРЖАН ОД ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО, ВО ДЕЛОТ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ЗНАЦИ, ИСТАКНА СТОЈАНОВСКА.
Промоцијата, додаде Стојановска, е закажана кон крајот на ноември годинава.
-ГОДИШНИНАТА ТРАДИЦИОНАЛНО ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖИМЕ НА 27.11.2021 НА ДЕНОТ НА 7-ГОДИШНИНАТА НА ОРОТО КОПАЧКАТА ВО УНЕСКО. НАСТАНОТ ПО ТРАДИЦИЈА СЕ ОДРЖУВА ВО СЕЛО ДРАМЧЕ КАДЕ ПОЧНА ПРИКАЗНАТА ЗА КОПАЧКА. ИМАЈКИ ПРЕДВИД ДЕКА СЕ УШТЕ СМЕ ВО ПЕРИОД НА ПАНДЕМИЈА, ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА ИЗВЕСТИМЕ ЈАВНОСТА ЗА ОСТАНАТИТЕ СОДРЖИНИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ, ДОДАДЕ СТОЈАНОВСКА.
Фолклорната група „Копачка“ е активен учесник на повеќе реномирани манифестации од кои најголем дел се настапи на домашни манифестации.
Comments