Здравствените проблеми не му дозволија на Ивановски да се бори за нова победа во Кобе
Калин Ивановски оствари две победи за да се најде на главниот турнир на Челинџерот во Кобе, но денеска здравствените проблеми не му дозволиа да се бори и за трет триумф во серија.
Ивановски за противник го имаше кинескиот ривал Јан Баи, но исто така имаше и проблем со стомачен вирус, кој не му дозволи да игра на препознатливо ниво во нецелосните два сета.
Баи го добил првиот сет со 6:1, во вториот водеше со 4:0, а потоа Ивановски реши да го предаде мечот и да се концентрира на рехабилитацијата од проблемот кој беше преголем за да не влијае на исходот.
Најдобриот македонски тенисер ќе освои четири поени од настапот на силниот Челинџер во Кобе, кој се игра со паричен фонд од 75.000 долари.
Ивановски следната недела ќе игра на Челинџер во Јокохама, каде најверојатно повторно ќе мора да игра квалификации.
Comentarios