top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Здраво, млади“ по 14-ти пат во МКЦ

14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik

На Денот на народното востание на македонскиот народ, 11 Октомври, се реализира 14-то издание на фестивалот на нова музика „Здраво, млади“, во организација на Младинскиот културен центар во Скопје. Во рамките на програмата, публиката имаше можност да погледне 17 различни музички артисти од шест земји од Европа. Годинава програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти што пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив „Гола планина/Мртов коњ“, публиката имаше можност да ги чуе младата дарквејв-артистка АТА, енергичните „Клодљуди“, дрон/фолк-артистот „Стој, после“, панкрок-изведувачот Димиш, инди-составот „Занаду“, психоделичните „Вагина корпорејшн“, како и диџеите Пепи и Шабан.

Годинава Младинскиот културен центар оствари тесна соработка со холандската амбасада во Скопје, каде што со нивна организациска и финансиска поддршка, како и со поддршка од партнерите од европската мрежа „Лајв Јуроп“, се реализира музичката програма „Лајв Јуроп и НЛ селекција“.

Во соработка, пак, со холандската издавачка куќа „Југофутуризам“ гостуваа интензивното нојз трио „Технопринт“, андерграунд нојз-поп сензацијата и други изведувачи.

Програмата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, од холандската амбасада во Скопје и од мрежата „Лајв Јуроп“.


0 views

Comments


bottom of page