top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Звучи неверојатно, но Барселона подготвува уште една трансфер бомба

Барселона одамна не покажала поголеми амбиции во пресрет на една фудбалска сезона, а тоа го покажуваат трансферите во кои меѓу другите на „Камп Ноу“ пристигнаа Кеси, Рафиња, Левандовски и Кунде.

Претседателот Жоан Лапорта е активен на трансфер пазарот како никогаш досега, постојано потенцирајќи дека ова значи враќање на Барса на големата сцена и реализирање на барањата на тренерот Чави.

Од Англија и Шпанија денеска стигнуваат информации дека Каталонците подготвуваат уште една бомба, а а тоа ангажман на Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Португалецот одамна му соопштил на својот агент дека сака следен клуб да му биде каталонскиот гигант, а Сити решил да го продаде поради желбата да ги реинвестира парите во Лукас Пакета од Лион.

Новинарот Жерард Ромеро кој е добро упатен во работата на Барселона денеска објави дека Силва е се поблиску до Барселона, а шпанскиот клуб ќе треба да му плати на Сити меѓу 60 и 70 милиони евра.


1 view

Commenti


bottom of page