top of page

Зверев: Ѓоковиќ има 400 милиони евра во банка и сигурно не игра за бонуси тенис

04.08.2026 Avgust Vtornik

Мастерсот во Монтреал е прва голема подготовка за грен слем турнирот во Њујорк, но како и многупати во изминатите години, најдобрите тенисери од врвот нема да се појават во Канада.

Покрај планираното отсуство на Карлос Алкарас, учеството во Монтреал го откажаа и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, а во период кога нивната одлука е предмет на расправа во тениските кулоари, Саша Зверев се претвори во прв фаворит за освојување на трофејот.

Победникот на Ролан Гарос и финалистот од Вимблдон ќе игра во Монтреал и важи за прв фаворит за трофејот, а на пресот пред првиот предизвик говореше и за можната суспензија која се нуди како солуција за играчи кои откажуваат турнири од Мастерс серијата 1000 без посебно добри причини.

Во тениските кругови се зборува за одземање на финансиските бонуси и одземање на одреден број поени на АТП листата, па со свое мислење на овие предлози се јави Зверев.

– Зарем сметате дека Новак игра за бонуси? Ѓоковиќ има безброј титули и 400 милиони евра во банка, така да не верувам дека тоа му е важно.

– Пад на АТП листата ако откажете учество? Кога би се вратил форматот од 7 дена на Мастерс турнирите, тогаш би можеле да зборуваме за тоа, но во ситуации кога се игра по две недели во фаза кога следи грен слем турнир, тогаш не може да не приморувате да играме на секој турнир, – изјави Зверев кој застана во одбрана на Ноле, но и на Јаник.


 
 
 

Comments


bottom of page