Зверев четврта година по ред ќе игра полуфинале на Ролан Гарос
06.06.2024 Juni Cetvrtok
Александер Зверев не загуби сет во дуелот со Алекс Де Менир и со резултат 3:0 се промовираше во последен полуфиналист на годинешното издание на Ролан Гарос.
Откако Каспер Руд помина во следната рунда без борба, а поради повлекувањето на Новак Ѓоковиќ, Зверев мораше да се соочи со незгодниот австралиски ривал, кој сепак не успеа да остане во мечот повеќе од три часа.
Зверев го доби првиот сет со 6:4, во вториот беше поуспешен во тај-брејк, за третата етапа да заврши со резултат 6:4 откако германскиот тенисер направи рибрејк во десеттиот гејм.
Во четвртото полуфинале по ред на Ролан Гарос, Зверев во петок ќе се соочи со поодморениот Руд, додека во второто полуфинале ќе играат Алкарас и Синер.
Меѓусебниот скор на Зверев и Руд е 2:2, a за разлика од Норвежанецот кој има две финалиња во Париз, Зверев досега ја нема поминато полуфиналната фаза.
Comments