Зверев: Ме иритира начинот на кој сум прифатен како светски рекет број еден
05.11.2026 Noemvri Cetvrtok
Александер Зверев успеа да дојде до приматот на светски рекет број еден, но признава дека е изиритиран од реакциите во дел од тениската јавност по ваквиот успех.
Германскиот тенисер вчера беше елиминиран на Мастерсот во Париз од Лоренцо Музети, а по мечот истакнал дека не гледа зошто само тој мора да објаснува дека го заслужил првото место на АТП ранкингот.
Зверев освои две грен-слем титули, но успесите дојдоа во отсуство на Јаник Синер и Карлос Алкарас, кои не играа поради повреди.
– Мислам дека никој друг не се објаснувал како што јас морав да го правам тоа изминативе денови.
– Да бидам искрен, малку сум иритиран, бидејќи секој тенисе сонува да стане светски рекет број еден.
– Но, излегува дека јас сум единствениот број еден во тениската историја зошто е ОК да бидам на оваа позиција. Тоа ми паѓа тешко, бидејќи сметам дека заслужив да се најдам во ваква позиција, – рекол Зверев.







Comments