top of page

Зверев и Карацев славеа на турнирите во Мексико и во Дубаи

22.03.2021 Mart ponedelnik

Германскиот тенисер Александер Зверев стигна до својата 14-та АТП-титула откако во финалето на турнирот од серијата 500 во Акапулко, Мексико, славеше над Гркот Стефанос Циципас со 2-0 во сетови. – Имам многу силна врска со Мексико и со овој турнир. Отсекогаш сум велел дека ова е еден од турнирите што сакав да ги освојам во мојата кариера. Дојдов тука со цел и ја постигнав, и многу сум среќен поради тоа – изјави германскиот тенисер на прес-конференцијата по мечот. Рускиот тенисер Аслан Карацев (42. на АТП-листата) го освои АТП-турнирот од серијата 500 во Дубаи, победувајќи го во финалето Лојдом Харисом со 6-3 и 6-2 во сетови. За Карацев ова беше прво финале и прв освоен трофеј, а на Харисом му беше второ неуспешно финале по минатогодишниот пораз во Аделаида. Карацев стана третиот победник од Русија годинава, по Андреј Рублов, кој победи на турнирот во Ротердам и Данил Медведев, кој славеше на турнирот Марсеј. Карацев пред еден месец беше сензационален полуфиналист на Австралија опен, каде што загуби од светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ.


 
 
 

Comments


bottom of page