Зверев збесна како никогаш досега: Удираше со рекет во столчето на судијата, организаторите го дискв
Зверев збесна како никогаш досега: Удираше со рекет во столчето на судијата, организаторите го дисквалификуваа! (Видео)Александер Зверев пред еден ден го одигра мечот кој влезе во историјата на тенисот, бидејќи неговата пресметка со Бруксби траеше доста долго за да заврши дури во 4 часот и 54 минути по полноќ.
Ниту еднаш во историјата еден меч не завршил подоцна од ова, но неполни 24 часа по овој интересен дуел кој траеше три часа, го видовме Германецот во најлошо можно издание.
Зверев и неговиот партнер Мело загубија во игра на двојки од Гласпол и Хелиовара во тајбрејкот на третиот сет со 10:6, а популарниот Саша понуди неспортски и непријатни сцени поради кои сигурно ќе доби и дополнителна казна од АТП.
Германецот во неколку наврати го пцуеше главниот судија во тајбрејкот, а откако истиот заврши со 10:6 за противниците, Зверев неколку пати удри со рекетот во столчето на судијата и дополнително го навредуваше.
Поради срамниот и скандалозен однос, турнирот во Акапулко соопшти дека Зверев е суспендиран и отстранет од главниот ждреб и во сингл конкуренција, а за очекување е да добие и примерна казна од АТП во наредните неколку дена.
Comments