Звезда испушти „плус 14“ против европскиот шампион, па на крајот претрпе болен пораз
01.11.2024 Noemvri Petok
По трите стартни победи, Црвена Звезда влезе во негативна серија во Евролигата, па така вечерва го претрпе и четвртиот пораз во низа во натпревар кој беше навистина интересен за неутралните фанови.
Европскиот шампион Панатинаикос допатува во Белград со мисија да оствари победа, а иако во една фаза од мечот изгледаше дека нема шанси за такво нешто, на крајот Грците се изборија за тесна и важна победа.
Звезда испушти плус 14 во третиот период и му дозволи на фаворитот да се врати во игра, но се чини дека клучна беше серијата од 13:2 која ја направи тимот од Атина.
Панатинаикос се доближи на само минус еден (56:55) и стана јасно дека ќе гледаме супер завршницата на оваа дерби пресметка, во која се играше кош за кош до последните 30 секунди.
При резултат 77:77, Панатинаикос зададе удар и потоа следеше промашување на Теодосиќ, па така на крајот Грците си заминаа од српската престолнина со победа од 77:81.
Comments