Заљубен пар: Игор Џамбазов и Илина Арсова насмеани на „Златна Бубамара“
Updated: May 16, 2022
16.05.2022 Maj Ponedelnik
Игор Џамбазов и Илина Арсова беа специјални гости на 25-тото издание на „Златна Бубамара на популарноста“.
58-годишиот македонски шоумен и 39-годишната алпинистка и сликарка со широки насмевки од првиот ред ја проследија целата манифестација.
На сцената, Игор му ја додели наградата за животно дело на пијанистот Симон Трпчески, а одржа емотивен говор за неговиот покоен татко, маестро Александар Џамбазов.
„На секоја, ама буквално на секоја средба ми викаше: ‘Синко запомни, спомените се единствената оаза на овој свет’“ – рече Игор во својот говор, присетувајќи се на моментите со неговиот татко.
Игор ја изведе „Само ти“, една од најпознатите песни компонирани од Маестро Џамбазов.
Емисијата „Агенда 21“ на Игор Џамбазов и Весна Петрушевска беше прогласена за „Најдобра еколошкa ТВ емисија 2021“.
Comments